Шок во Србија: Осум машки лица го дрогирале и силувале синот на српски политичар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голема акција за апсење на дилери започна во Србија, откако син на познат политичар бил сексуално малтретиран од осум мажи. Групата продавала екстази, како и опијати со кои ја дрогирале жртвата, за да биде силувана. Минатата недела е уапсена група осомничени за продажба на синтетичка дрога, со помош на која се претпоставува дека е силувано момчето.

18-годишното момче е нападната од осум мажи. Се претпоставува дека сите индивидуално имале сексуален контакт со него, кој не бил на доброволна основа. Тој бил под дејство на дрога ГХБ, а кога се освестил, разбрал што се случило. Тогаш почнал пеколот  за него, открива извор на српскиот весник Курир.

Тие  му влегле на неговиот профил на социјалните мрежи и продолжиле да му се  закануваат, за да не ги издаде.Напаѓачите се обиделе дури и да  извлечат и материјална корист од момчето, но тојму  рекол на татка си, кој веднаш пријавил во полиција.

На крајот групата која била уапсена минатата недела, за дистрибуција на дрога, нема никаква врска со силувањето и сеуште се бараат напаѓачите. Во моментов, сепак се испитува дали тие ја продаваат дрогата која ја  користеле мажите, кои го нападнале момчето.