Шок во Шведска: Комбе влета во толпа при што загинаа три лица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведската полиција соопшти денеска дека комбе влетало во толпа луѓе во главниот град на земјата, Стокхолм. Шведските медиуми јавија дека три лица загинале, а се уште не се знае колку точно се повредени. Инцидентот, според полицијата, се случил кога комбе удрило во стоковна куќа лоцирана во близина на прометна пешачка зона.

Полицијата го истражува местото на инцидентот, за кој се уште не се знае причината. Во изминатиот период во Европа имаше неколку терористички напади во Европа кои беа спроведенеи на сличен начин и за кои одговорност презема милитантната група Исламска држава.