Шок: Чешки репрезентативец се обеси во својот дом!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чешкиот дефанзивец и фудбалер на турскиот Газијантеп, Франтишек Рајторал пронајден е мртов во својот дом во Турција, а полицијата потврди дека се работи за самоубиство.

31-годишниот Рајторал не се појавил на тренинг, а не се јавувал ниту на својот телефон. Веднаш поради тоа клубот испратил свои претставници во неговиот дом, но тие таму само ја сретнале полицијата, случајот веќе бил пријавен од комшиите на Чехот.

„Шокирани сме затоа што не изгледаше дека има било какви проблеми. Навистина не можеме да претпоставиме што му се случило“, истакна претседателот на Газијантеп, Ибрахим Кизил.

Рајторал својот најголем дел од кариерата го помина во тимот на Плзен, од каде една година беше пратен на позајмица во Хановер, пред во 2016 година да се пресели во тимот на Газиантеп. За репрезентацијата на Чешка одигра 14 натпревари.