Шета по светот, пие винце, ужива и така досега заработи скоро 2 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и заработува од тоа, поточно од рекламите на својот блог, каде што објавува и кои се земји и места ги посетил.

Потекнува од сиромашно ирско семејство, а за да заврши факултет, заработувал како доброволец при тестирање лекови. Работел како наставник по англиски јазик во Тајланд и во Австралија.

„Дадов отказ од работата во Сиднеј поради желбата да патувам по светот и да бидам блогер. Кога ми се јавија огласувачи по шест месеци, мислев тоа пријателите ме зафркаваат, но за среќа, мојата сомничавост не ги одврати огласувачите, па на крајот и се договоривме за соработка“, раскажува авантуристот.

Така почнало се. Се повеќе огласувачи посакале да се рекламираат на неговиот блог, и така неговото хоби досега му донело заработка од 1,75 милиони евра. Но, сето тоа има и негативни страни.

„Најморничаво беше она кога пукаа во човек пред мене, 20 минути откако слетав во Ангола“, се присеќа Џони.