Актуелно

Шарл Мишел: Каков, бре, азил за Пуџдемон – нема шанси за тоа!


Белгискиот премиер Шарл Мишел денеска реагираше на навестувањето на белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен, дека Белгија може да му даде азил на разрешениот претседател на каталонската влада Карлес Пуџдемон.

Мишел го обивини Франкен дека долева масло на огнот. Тој посочи дека давањето азил на Пуџдемон „воопшто не е на дневен ред“ и повторно апелираше за дијалог меѓу Барселона и Мадрид.

Откако каталонскиот Парламент прогласи независност, Пуџдемон беше сменет од функцијата претседател на каталонската влада и беше предупреден дека може да биде уапсен за организирање на бунт, дело за кое е предвидена казна затвор до 30 години.

Франкен претходно изјави дека „Каталонците, кои чувствуваат дека се објект на политичка закана“, меѓу кои и Пуџдемон, можат да побараат азил во Белгија.

Тој прецизира дека ако Пуџдемон побара и добие азил, белгиското право ќе го заштитува од екстрадиција. Франкен изрази сомневање за правичен процес против Пуџдемон во Шпанија.

– Засега нема барање од Пуџдемон, изјави Франкен.

Националистичка партија на Франкен, Нова фламанска алијанса во минатото покажуваше сепаратистички амбиции за северниот реон Фландрија и изразува симпатии кон каталонското движење за независност.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top