Шарапова доби брачна понуда во Истанбул, а нејзиниот одговор беше…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Руската тенисерка Марија Шарапова доби брачна понуда на ревијалниот меч кој го играше во Истанбул. Таа моментално е на турнеја во рамки на подготовките за наредната тениска сезона, а во Истанбул играше против Чагла Бујукакчај.

Во моментите кога Марија се спремаше за сервис, еден навивач довикна: „Марија, дали ќе се омажиш за мене?“, со што ги насмеја присутните на трибините и теренот. Шарапова не чекаше ниту миг за да му одговори, дофрлајќи: „Можеби!“

Шарапова мечот го доби со 7-6. Но, иако Бујукакчај е 161 на ВТА ранг листата, покажа жесток отпор против фаворитката.

Марија се врати на терените после 15-месечна суспензија поради уптреба на забранет лек од допинг комисијата.