Шамар за доларот: Јуанот влегува во девизните резерви на Bundesbank


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германската централна банка Bundesbank донесе одлука за вклучување на кинеската валута јуан во своите девизни резерви. Ова е најсилен импакт за влијанието на оваа валута на меѓународната економска сцена.

За време на настан во Хонг Конг во понеделникот еден од членовите на Управниот одбор на „Bundesbank“ – Андреас Домбре, изјави дека одлуката е донесена минатата година по инвестицијата од 500 милиони евра на Европската централна банка, од која германската банка е дел. Тој додаде дека не може да коментира за обемот кој ќе биде распределен.

„Јуан се повеќе се користи како дел од девизните резерви на централната банка – на пример, ЕЦБ го вклучи јуанот, но и другите европски централни банки го сторија истото“, рече Домбер во својата изјава.

По растот по усвојувањето на јуанот во кошничката на валутите на Меѓународниот монетарен фонд во 2016-та година, нејзиниот пораст забави. Поради сѐ уште наметната контрола на капиталот, втората по големина економија во светот падна на шестото место на најкористена валута во светот од четвртото место во август 2015-та година, според податоците на „Swift“.

„Сумата не е голема, но е нешто за што зедовме решение и од она што сакаме да бидеме дел“, рече Домбре, кој е одговорен за банкарската супервизија во „Bundesbank“, во интервју за „Bloomberg“. „Фактот дека јуанот сега е дел од кошницата на ММФ и фактот што ЕЦБ одлучи да го стори тоа се двата фактори што ги разгледавме“.

Грешките на патот кон пофлексибилен јуан во 2015-та година ја натераа Кина да ја удвои контролата на капиталот и нема јасен сигнал дали тој ќе биде укинат наскоро. Загриженоста за дестабилизирачките потези и понатаму ја отежнува стабилноста на владата. Јуанot порасна за 6,8% во однос на доларот во 2017-та година.