Живот

Сезона му е: Позитивните ефекти на грозјето за човечкото здравје


Најновите научни истражувања покажуваат дека здравствените ефекти од редовното конзумирање грозје се далекусежни.

Грозјето има многу интересен состав, вода, влакна и антиоксиданти кои на оваа намирница и даваат важна улога во превенцијата од кардиоваскуларни болести и малигни заболувања.

Грозјето содржи моќни актиоксиданти кои со редовно конзумирање можат да го забават напредувањето на повеќе видови малигни заболувања. Лицата кои се подложни на алергиски ринитис можат да ја спречат појавата на симптомите со редовно конзумирање на ова овошје. Грозјето содржи и флавоноиди кои помагаат во регулирање на ХДЛ и ЛГЛ холестеролот во крвта.

Во народот преовладува мислење дека грозјето дебелее, меѓутоа, истражувањата покажуваат дека десет зрна грозје имаат околу 34 калории. Тоа е богато со витамин Ц, калиум, бакар и манган.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top