Екстра

„Сериозно сме загрижени“ – овој рај на Земјата наскоро би можел засекогаш да исчезне


Како ураганите да не се веќе доволна опасност за малите карипски острови, климатските промени се закануваат во целост да го уништат тамошниот начин на живот, ако под итно не се преземат некои мерки со кои островското подрачје би се заштитило од бројните опасности кои му се закануваат, предупредуваат официјалните лица од центарот за следење на климатските промени на Карибите.

„Не ви треба да ви се случи ураган за да претрпите огромна штета. Тропската бура или поле на низок атмосферски притисок, исто така, доаѓаат и стојат над одреден остров или територија и носат постојани дождови“, вели Улрик Троц, заменик директор на Карипскиот центар за климатски промени (CCCCC).

„За нас, малите островски држави, во суштина, тогаш запира сè. Како област сме изложени на климатски ризици, а нашите проекции покажуваат дека тие ќе бидат сè поизразени“, вели Троц.

Троц, чија организција го координира одговорот и реакцијата на климатските промени во целиот регион, вели дека Карибите сега, заедно со годишната сезона на урагани, се соочуваат и со екстремни временски услови секоја година, од поплави до одрони на мочуришта и земјишта.

Рибарските и земјоделските крајбрежни заедници и туристичката индустрија, клучни за Карибите, често го понесуваат главниот товар од штетите и загуба во приходите.

Обилни врнежи

„Карипските држави сега, во неколку дена, можат да се соочат со количество на врнежи какви порано наврнуваа во период од неколку месеци, а системите за одвод не можат да се носат ниту со такви количества“, вели Троц.

„Голем дел од штетата сега доаѓа од екстремните врнежи. Тоа доведува до поплави, одрони на земјиштето, губење на животи и цели имоти“, додава Троц.

„Сериозно сме загрижени за одржување на карипскиот живот таков каков што го познаваме“, истакнува овој експерт за климатски промени и научен советник во ССССС.

Има решение, нема ресурси

Еден од клучевите крајбрежните области да се направат поотпорни на бурите и растот на нивото на морето, поврзани со глобалното затоплување, е заштита на морските, коралните и шумските екосистеми.

Коралните гребени делуваат како штит кој ја намалува силата на брановите, додека шумите можат да ги ублажат ураганските ветрови и да ја намалат висината на брановите.

На целото карипско подрачје иницирани се низа проекти со цел да се опорават оштетените корални гребени или да се постават вештачки, одново да се засадат оштетените шуми и милиони подводни хектари површина да се стават под заштита до 2020 година.

Но, таквите потфати и активности се отежнати поради недостаток на средства.

„Работата е што немаме доволно средства, а не дека нема идеи како да се зацврсти отпорноста на оваа област“, вели Троц.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top