Серија земјотреси го „дрмаат“ Дојран!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серија земјотреси беа регистрирани во дојранското подрачје. Серијата започнала од сношти, а траела и утрово.

Пет од нив беа почувствувани од населението во југоисточниот дел на Република Македонија, од кои најсилниот утринава во 5 часот и 25 минути со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Овој земјотрес освен во Дојран, беше почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци, Радовиш и Берово, а истиот предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места, во непосредна близина на епицентарот.

Земјотресот бил почувствуван и од населените во Грција и Бугарија.

Послаб земјотрес од 3,7 степени според рихтеровата скала, беше регистриран во истото епицентрално подрачје во 23 часот и 13 минути.

По овој земјотрес следеа уште три помали, и тоа, земјотрес од 3,1 степен во истата минута, понатаму во 23 часот и 16 минути земјотрес од 3,3 степени, а три минути подоцна беше регистриран и земјотрес од 2,9 степени според рихтеровата скала.

Од Сеизмолошката опсевраторија при Природно-математичниот факултет информираат дека епицентрите се наоѓаат на 145 километри југоисточно од Скопје.