Серхио Рамос ја започна „Операцијата Скопје“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште еден трофеј во витрините никогаш не е прекуброен! Серхио Рамос многу добро го знае тоа и нема намера да ја испушти можноста да ја збогати и онака богатата колекција. Реал за неколку дена ќе игра против Манчестер Јунајтед во Скопје за Суперкупот на Европа.

Капитенот на Реал Мадрид имаше болки во увото кои не му дозволија да тренира со тимот последните денови. Меѓутоа тој е решен во намерата да игра на овој натпревар, па останува на индивидуални тренинзи после вообичаениот тренинг со тимот.

Рамос одигра само 45 минути во пријателските натпревари летово, но би требало да е целосно спремен за мечот во Скопје.

Рамос сака да ја збогати колекцијата со уште еден Суперкуп после оние од 2014 и 2016 година. Со „Кралевите“ дефанзивецот има и освоени три титули во Лигата на шампиони.