Серена Вилијамс: За малку ќе умрев по породувањето!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После тешката животна борба после породувањето, една од најдобрите тенисерки во историјата, Серена Вилијамс се одлучи јавно да проговори.

Серена Вилијамс откри дека замалку не умрела за време на раѓањето на својата ќерка Алексис Оханијан во септември.

36-годишната Американка се врати на теренот пред недела дена, откако учествуваше во натпреварот во двојки на „Дејвис Купот“ со нејзината сестра Винус.

„Речиси бев мртва по породувањето. Сè беше во ред, бев среќна што во моите раце ја имав ќеркичката, но следните шест дена беа кошмарски за мене. Сè започна со белодробна емболија, што предизвика сериозни компликации. Поради силната кашлица ми попуштија конците од царскиот рез. Лежев на операционен стол кога докторите ми пронајдоа голем хематом во мојот абдомен. Тромбот во секој момент можеше да отиде во белите дробови и тоа ќе беше многу сериозно“, открива Серена.

„Кога конечно се вративме дома кај моето семејство мораше да ги поминам првите 6 недели од мајчинството во кревет. Многу сум благодарна што имав на располагање толку неверојатен медицински тим од лекари и сестри во болница со првокласни услови. Тие знаеја точно како да се справат со овој комплексен развој на работите. Ако не беше нивната професионална грижа, немаше да бидам тука денес“, додаде тенисерката.