Актуелно

Село во Швајцарија бара жители: Нуди 25.000 франци по лице


Селото Албинен во Швајцарија објави дека бара жители и нуди по 25 илјади швајцарски франци по лице.

Жителите на швајцарското село Албинен, во кантонот Вале, одлучува за новата политика со која на странци ќе им понудат пари да дојдат и барем десет години да живеат во селото.

Селото се соочува со иселување на младите, па поради тоа се одлучиле за ваква политика. Се работи за сума од околу 70.000 франци за четиричлено семејство.

Сепак, понудата не е без услови. Новите жители мора да се обврзат дека ќе живеат таму најмалку 10 години, а возрасните мора да бидат помлади од 45 години.

Исто така, ќе мора да купат или изградат објект со најмала вредност од 200 илјади франци и да бидат швајцарски државјани или да имаат валидна „Swiss C“ дозвола. Новиот дом мора да биде примарно место за живеење.

Албинен е село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина, со поглед на долината Рона.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top