Сексот и годините: Колку пати акција во креветот во зависност од возраста?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Многу двојки се прашуваат дали имаат нормален сексуален живот и колку односи се доволни. Експертите од Институтот Кинси нашле одговор во новото истражување каде велат колку сексуални односи треба да имате во однос на вашите години.

Ќе ве изненади податокот дека младите луѓе на возраст од 18 до 29 години имаат во просек секс 112 пати годишно, што во просек е два пати неделно.

Лица на возраст од 30 до 39 години имаат 86 пати секс годишно или 1,6 неделно, додека двојки во 40-тите години имаат односи 69 пати годишно.

„Како што старееме така се зголемуваат шансите да се разболиме од некои хронични болести што негативно влијае на зачестеноста и квалитетот на сексуалните односи” – се наведува во студијата.

Изненадува тоа што експертите не истражиле колку сексуални односи имаат луѓето постари од 50 години. Поранешно истражување кое го спровеле научници од Универзитетот во Манчестер ги анализирале коментарите на лица од 50 до 90 години и заклучиле дека и овие двојки успеваат да го одржат сексуалниот живот, наспроти здравствените пречки.