Сексистичко-шовинистичка изјава на Путин: „Никогаш сум немал лош ден, не сум жена“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Луѓето би рекле, па тоа е просечен Русин кој се води од дома до работа. Но, зад управувачот беше Владимир Путин, додека режисерот Оливер Стоун го интервјуираше за новиот документарец.

Четиричасовниот документарен филм The Putin Interviews претставува увид во секојдневниот живот на рускиот претседател, а сниман е во периодот од јули 2015 до февруари 2017 година. Оливер Стоун доби неверојатна привилегија да му биде зад пети на рускиот претседател и да го снима како ги извршува секојдневните обврски.

Путин во еден момент изјавува дека како претседател на Руската Федерација нема слободен ден бидејќи е маж.

„Не сум жена, немам лоши денови“, му рече на Стоун додека шетаа по Кремљ. „Не се обидувам никого да навредам. Таква е природата. Постојат одредени природни циклуси“, додаде Владимир.

Првата двочасовна епизода ќе биде прикажана во средината на јуни, а документарецот ќе има за цел на гледачите да им приближи нови информации за бившиот КГБ агент и човекот кој владее со Русија повеќе од 17 години.