Секси Тифани сака да лумпува: Ќерката со која Трамп не се гордее баш најмногу


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За разлика од прекрасната, но „досадна“ Иванка, другата ќерка од Донлад Трамп, Тифани, е прилично интересна личност и магнет за медиумите.

Таа е ќерка на новиот претседател на САД од неговиот брак со актерката Марла Мејплс, поради која се разведе од Чехињата Ивана. Името го доби по продавницата Tiffany&Company, над која се наоѓа кулата Трамп, а порасна во Калифорнија со својата мајка.

Дипломираше социологија и урбана култура, а меѓу нејзините пријатели се вбројуваат припадниците на американската елита. Нејзините фотки можат да се најдат на Инстаграм профилот Rich Kids on Instagram, а до кандидатурата на нејзиниот татко за претседател главно објавуваше разголени фотки од журките на кои одеше.

Минатата година беше во врска со 21-годишниот студент по програмирање и декократ Рос Меканик, кој ја поддржуваше Хилари во трката за претседателската функција.

За време на студиите Тифани работеше во Vogue, а во еден момент посака да започне и пејачка кариера, но нејзиниот сингл не помина баш најдобро. За разлика од Иванка, не остави некој траг ни во манекенските води, каде исто така си ја проба „среќата“.

Дека Трамп не е нешто многу горд на ова свое дете сведочи и неговата изјава дек „горд е на сите свои деца, само на Тифани е нешто помалку горд“.

„Горд сум на сите свои деца, ги гледам и навистина можам да ги давам како пример за останатите деца. Дон, Ерик, Иванка, а Тифани нешто помалку, бидејќи дури сега заврши факултет, но и таа е сјајна. Сите работат напорно“, изјави Трамп.