Славни

Секси „до болка“: Осум нијанси на Џенифер Лопез


Пееше само хитови, ја испочитува годишнината од врската со Алекс Родригез, направи премиерна изведба на нова песна, му оддаде почит на Принц и промени осум костими за време на концерт во Минеаполис – Џенифер Лопез уште знае како се доминира на сцената пред многубројната публика.

Додека ги пееше своите хитови меѓу кои „Waiting for Tonight“, „Jenny from the Block“, „On The Floor“ и „I’m Real“, 48-годишната ѕвезда промени неколку аутфити – од леопардски комбинезон и спортски дрес, до провокативен костим во кабаре стил.

Концертот беше на првата годишнина на Лопез и Алекс Родригез, па таа не пропушти да го одбележи тоа.

„Заедно сме една година. Не сакам да бидам сентиментална, но бејби, оваа песна е за тебе. Те сакам“ – рече таа пред расположената публика.

Во сите комбинации изгледаше бомбастично и го истакна своето совршено тело на кое се му прилега одлично.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top