Сексапилната Кејт Аптон повторно провоцира во заводливо издание


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата американска убавица, модел и актерка, која пред неколку дена на една фотосесија ја снајде мала незгода на која и таа добро се насмеа, повторно се најде во улога на главен модел и ги покажа своите сензационални облини на кои ретко кој останува рамнодушен.

Кејт Аптон дополнително ја крена температурата на ионака сончевите и топли Бахами, каде позираше на фотосесија за новото издание на списанието Sports Illustrated, чија насловна страна редовно ја красат познати и атрактивни убавици.

Овој пат нејзините бујни облини ги истакна во сјаен бел едноделен костим за капење, во кој изгледаше сензационално.