СЕКС СКАНДАЛ ВО СРПСКА БОЛНИЦА: Медицинска сестра фатена на дело со љубовник кој глумел пациент


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот на една српска болница беше сведок на прилично несекојдневна сцена. При рутинска обиколка, начека глетка која за малку ќе го шокираше.

Директорот на болницата во Лесковац, минатиот викенд при рутинска обиколка, во една просторија налета на медицинска сестра од одделот неврологија, среде секс со нејзин љубовник, кој глумел дека е пациент.

„Морам да признам дека не очекував баш таква сцена. Ми беше мошне непријатно“, рече директорот на болницата Небојша Димитријевиќ.

Фатените љубовници веднаш се дале во бегство. Мажот од срам прво си ја покрил главата со кебе иако долниот дел и гениталиите му се гледале. Истрчал во подрумот, каде подоцна бил фатен од обезбедувањето, кои мислеле дека се работи за провалник, пишува српски Курир.

Медицинската сестра пак експресно заминала на боледување, откако и било соопштено дека против неа ќе биде покрената дисциплинска постапка и дека и се заканува отказ.

На сексот наводно им претходеле разни игри, бидејќи 40-годишната медицинска сестра го навела својот љубовник да глуми пациент, со што направила тежок прекршок на работната дисциплина.