Живот

Секс после породувањето – еве што велат лекарите за тоа


Продолжувањето на вашиот сексуален живот после породување може да биде прашање кое има различен одговор во зависност од физиолошките промени кои се случуваат при овој акт, но и од тоа колку се чувствувате психички подготвени.

Тоа може да се случи после само неколку недели или може да не се чувствувате подготвени и после неколку месеци. Секоја жена е различна и затоа нема потреба да се чувствувате под притисок или да се грижите дека не сте нормални.

Постпородилниот период е време на големи приспособувања

Родилката во овој период се адаптира на новата улога што ја добила со актот на раѓање, како да живее со таа улога а воедно учи како да ги разбере потребите на нејзиното бебе. Сексот во овој период се наоѓа на последно место. Родилките се исцрпени поради честите прекини на сонот и во овој период често се случува да е нарушено и расположението на мајката.

„Гинеколозите препорачуваат секс откако ќе престане крварењето“

Гинеколозите препорачуваат секс откако ќе престане крварењето (lochia – кое трае помеѓу 10-14 дена, но тоа може да продолжи и до неколку недели). Во периодот од шест недели матката се враќа во првобитна положба и грлото на матката ќе се затвори, но секс за време на крварењето може да значи инфекција.

Како различниот начин на раѓање влијае на постпородилниот секс?

При направена епизиотомија (вагинален страничен засек за полесно да излезе бебето) ќе се чувствувате болно. Конците треба да се апсорбираат за 10-тина дена, а за две недели би требало и интензитетот на болката да се намали.

После вагиналното породување, вагиналниот мускулен тонус може да ослабне предизвикувајќи намалено чувство на удобност и триење во текот на сексуалниот однос.

Во овој случај може да помогнат кегеловите вежби, кои се за зајакнување на карличните мускули. Едноставно се стискаат карличните мускули како да се обидувате да го запрете мокрењето, држете за пет секунди, па релаксирајте ги. Ова треба да се повтори четири до пет пати по ред. Времетраењето на секоја наредна контракција треба да се зголеми додека не се стигне до десет секунди контракција па проследено со десет секунди одмор (опуштени мускули за десет секунди помеѓу секоја контракција).

Се препорачуваат најмалку три групи на десет Кегел вежби дневно

При природно раѓање, родилката може да се чувствува уморно и непријатно, но оздравувањето ќе биде побрзо и може да се чувствува подготвена за секс порано, иако сè уште има модринки, нежниот секс нема да наштети. Доколку станува збор за царски рез родилката може да е загрижена за лузната, но раната би требало да е добро заздравена веќе во периодот кога конците се апсорбирале и тогаш таа може да се чувствува подготвена за секс и реално нема некоја голема опасност освен да почувствува лесна болка доколку има притисок врз лузната (во тој случај се претпочита позиција со која нема да се прави притисок врз раната). Замор, страв од болка, или други стравови генерално може да играат улога во подготвеноста за секс после породувањето.

Разговарајте со вашиот партнер

За да се одржува љубовната врска, комуникација и заедничко разбирање на меѓусебните потреби се од суштинско значење. Дозволете му на вашиот партнер да знае дека иако вашиот фокус е на вашето бебе, тоа не значи дека не го сакате. За полесно справување со исцрпеноста, добро е да побарате и да ги прифатите сите понуди за помош со вашето бебе и домот, така што ќе може да се одморите. Откако ќе бидете одморени може да се чувствувате посекси. Овој период е секако предизвик за татковците и заради сите горенаведени емоционални и биолошки причини, партнерите е потребно да покажат многу љубов и разбирање.

Извор: Pharmanews

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top