Секс од овој вид може да биде многу опасен за машкото здравје

секс

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сексот и сексуалното уживање секогаш одат во пакет со висок степен на зголемено либидо, набој на страст и сетилен нагон, па често луѓето се најдуваат во ситуација да немаат при себе соодветна заштита која и тоа како е препорачлива, поточно задолжителна при секс авантурите.

Судејќи според истражувањата на научниците од унивезитетот Џонс Хопкинс, мажите со поголем број на партнерки се изложени на поголем ризик од зараза со опасна болест ако практикуваат орален секс. Студијата објавена и во Онколошките анали ги испитуваше податоците за смртта на 13.000 луѓе на возраст помеѓу 20 и 69 години, кои починале помеѓу 2009 и 2014 година.

Сексот и карциномите

Студијата беше посветена на истражување на порастот на хуман папилома вирус (ХПВ) и поврзаните карциноми на вратот и устата, за со неа а се утврди кои групи се повеќе изложени на ризик.

Резултатите покажаа дека иако ризикот за заболување од орални карциноми е низок меѓу луѓето на возраст помеѓу 20 и 69 години (дијагностицирани се кај 3,5 насто од луѓето), тој е двојно поголем за мажите со поголем број на сексуални партнерки/и.

„Средниот ризик“ им се заканува на луѓето кои имале пет или повеќе партнери во текот на животот (7,3 насто). Ризикот дополнително двојно се зголемува ако тие биле пушачи, пренесува Independent.

Статистички податоци

Бројот на заразени од ХПВ, и кај мажите и кај жените, бил низок ако имале орален секс со еден партнер или вооопшто го немале, без оглед на влијанието на другите фактори како пушењето. Мажите на возраст од 20 до 59 години со 10 или повеќе орални партнери имале 14,4 насто шанси да заболат од онкологен орален ХПВ, односно ХПВ кој предизвикува тумор.

Според главната авторка на студијата, Амбер Д’Соузи, кај мажите веројатноста да се заразат е поголема отколку кај жените.

„Повеќето луѓе во текот на животот имаат орален секс, а утврдивме дека оралната инфекција ХПВ кој предизвикува рак е поретка кај жените, без оглед на бројот на партнери. Кај мажите кои беа непушаци, оралниот ХПВ кој предизвикува тумор беше поредок во случај да имале орален секс со помалку од пет партнери, а ризикот дека ќе се заразите расте со зголемување на бројот на партнерите и ако сте пушач“, изјави таа.