Вебкафе

Секогаш ви е ладно? Еве кои се причините за тоа!


Постојат луѓе на кои им е ладно кога температурите ќе се спуштат под нула, но постојат и такви на кои им е секогаш ладно.

Доколку спаѓате во другата група, тогаш сигурно сте се нашле во ситуација кога вам ви студи, а додека на другите им е жешко. Доколку сте зиморливи, време е да ги откриете кои се правите причини за тоа.

Еве што кажуваат експертите:

„За почеток, важно е да знаете дека на жените им е секогаш поладно во однос на мажите од причина што топлината им се собира околу виталните органи“ – вели Рошин Рај.

На ова може да влијае и ниското количество на телесни масти во телото кое делува на некој начин како изолација. Уморот и дехидратацијата исто така имаат влијание, бидејќи недостатокот на сон доведува до успорување на метаболизмот и ослабување на циркулацијата.

 

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top