Сега и официјално: Хамес е играч на Баерн Минхен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа што медиумите го најавија вчера, денес доби официјална потврда – Хамес Родригез е нов играч на Баерн Минхен.

Хамес беше на излезна врата од Реал Мадрид и медиумите константно го селеја во Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ, но на изнендување заврши во Баерн Минхен.

Она што е уште поголемо изненадување е формулата на трансферот. Имено Колумбиецот ќе се пресели на „Алијанц Арена“ на двегодишна позајмица, а Баерн ќе има можност после две години да го откупи неговиот договор.

„Реал Мадрид и Баерн Минхен го договорија трансферот на Хамес Родригез, двата клуба си подадоа рака за две годишна позајмица, а Баерн ќе има опција во целост да го откупи играчот”, стои во соопштението.

„Задоволни сме што го договоривме трансферот. Хамес Родригез беше најголемата желба на нашиот тренер Карло Анчелоти, двајцата одлично соработуваа во Реал Мадрид. Тој е сестран фудбалер, постигнува голови, асистира и знае опасно да се закани од прекин”, изјави извршниот директор на Баерн, Румениге.