Сега е ѕвезда на Ливерпул, а го открија преку „Фудбал Менаџер“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилецот Роберто Фирмино по доаѓањето на Јирген Клоп во Ливерпул се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, а интересно е дека неговиот пранешен клуб Хофенхајм, неговите квалитети го открил преку популарната игра „Фудбал Менаџер“.

Хофенхајм во 2011 година реши на бразилскиот второлигаш Фигуеренсе да му плати четири милиони евра за напаѓачот Роберто Фирмино, откако претходно го виделе на популарната игра.

„Со еден мој колега често ја играме оваа игра и случајно го откривме Фирмино. Беше ефикасен во Фигуеренсе и решивме да го скаутираме, а потоа и да го реализираме трансферот. Имаше многу скептици кога решивме да ја платиме бараната сума, бидејќи тој сепак беше играч во втората бразилска лига, но мислам дека на крајот завршивме одлична работа“, изјави Луц Фаненстил, скаут кој е најзаслужен за доаѓањето на Фирмино во Европа.

На крајот ризикот за Хофенхајм и тоа како се исплатеше, па Фирмино кој во 2011 година во клубот пристигна за четири милиони евра, во 2015 година беше продаден на Ливерпул за 42 милиони евра.