Се зарече на предбрачна сексуална апстиненција – тоа за Сиара е многу важно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската пејачка Сиара објасни зошто за неа апститенцијата од секс пред бракот била од огромна важност. Тврди дека токму поради тоа и на тој начин, таа и нејзиниот сегашен сопруг Расел Вилсон изградиле цврсто меѓусебно пријателство.

Сиара и Вилсон се венчаа минатиот јули, после една година помината во врска, а претходно објавија дека и двајцата апстинираат од секс пред бракот. Парот оваа одлука ја донесе поради христијанската верска припадност и убедувања на Вилсон, а осврнувајќи се на тој период, Сиара призна дека тоа им помогнало да изградат цврста меѓусебна врска.

„Навистина верувам дека кога ќе се фокусирате на пријателството, имате шанса да изградите цврсти темели за љубовна врска, а кога еднаш ќе станете одлични пријатели, тогаш цените исти вредности и имате слични погледи на животот“, вели пејачката.

Таа му се заблагодари на својот сопруг што ги сподели неговите лични животни сфаќања и погледи, а на девојките им сугерира да размислуваат со главата и срцето.

Сиара претходно беше верена со раперот Future, а бившиот пар го има и двегодишниот син Захир Вилбурн.