Се укинува 60 старата одредба: Хомосексуалците ќе можат да даруваат крв во Швајцарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Властите на Швајцарија највија укинување на 40 години старата одредба со која на бисексуалците и хомосексуалците им беше забарането дарување на крв.

Исклучок ќе бидат лицата кои во текот на последната година имале хомосексуални односи.

Швајцарците од дарителот бараат 12 месечна сексуална апстинација, по примерот на Велика Бритнаија и Франција, земјите кои забраната ја воведоа по откривањето на ХИВ вирусот на почетокот на 80-те години на минатиот век.

Измените ги одобри сојузниот регулатор, Агенција за терапевтски производи (Свисмедик), по предлогот на швајцарскиот Црвен крст, кој води сметка за квалитетот на крвта.

Швајцарската забрана за дарување на крв од страна на мажи кои имале сексуални односи со други мажи е воведена во 1977 година, уште пред откривањето на ХИВ вирусот.

Во соопштението на Свисмедик се наведува дека околу половина од сите нови случаи на инфицираност со ХИВ отпаѓа на лица кои имаат хомосексуали односи.

Свисмедил ги повика хомосексуалните и бисексуалните дарители на крв на „искрени одговори“ во задолжителниот прашалник кој се пополнува пред крводарувањето.

Шефот на швајцарскиот Оддел на трнсфузиологија, кој делува при Црвениот крст, Рудолф Швабе изрази задоволство поради ваквата одлука, нагласувајќи дека станува збор за „прва промена на една од дискриминирачките права“ и покрај тоа што и новите правила се „далеку од идеални“.

Не би смеело да нагласува сексуалната ориентација на дарителот, ниту пак да се обесхрабурваат оние кои се одлучиле на овој хуман чин, без разлика на тоа дали се хомосексуално или хетеросексуално ориентирани, рече Швабе.

Новите правила би требало да стапаб во сила на 1 јули.