Се стега обрачот околу него: Независниот полициски синдикат бара одговорност за Чавков


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основното јавно обвинителство да почне да ја истражува одговорноста на повисоките структури во МВР за нападот во Собранието, побара независниот полициски синдикат.

Првиот човек на синдикатот, Гоце Делчев Тодев, вели дека вината не може да се бара единствено кај полицајците кои беа суспендирани, бидејќи тие немале наредба да постапат. Од одговорност нема да избегаат ниту Митко Чавков ниту Агим Нухиу, им порача тој.

Нема да може да се спаси и без разлика на тоа што господинот Чавков се подготвува да замине од кабинетот на Бирото за јавна безбедност, а да ги остави луѓето кои се обични полицајци да страдаат и да ги оставаат нивните семејства надвор од можноста да имаат редовна плата, изјави Гоце Делчев Тодев, претседател на НПС.

Итно расчистување на настаните во собранието од 27 април, меѓу другото, бара граѓанската иницијатива Јас Барам, зад која до сега се потпишале над стотина граѓани. Освен тоа, тие побараа итно разрешување на Марко Зврлевски, од позицијата Јавен обвинител на Република Македонија, за да истрагата биде непристрасна.

Бараме кривична и политичка одговорност за наредбодавачите, инспираторите и организаторите, вклучувајќи ги и оние кои седат во институциите и политичките партии, изјави Јанко лазев

Откако вчера МВР соопшти дека Одделот за внатрешна контрола суспендирал уште 17 полицајци, со реакција се јави и Македонскиот полициски синдикат. Оттаму побараа темелна истрага за постапките на секој полицаец поеднинечно, а доколку се утврди одговорност, дури тогаш тие да бидат санкционирани.

Со цел ненарушување насоцијалната положба на вработените, апелираме министерот за внатрешни работи да води сметка од потребата од мерката отстранување, односно суспензија од работното место за секој случај поединечно, изјави Ацо Антовски, претседател на МПС.

Од МВР ги поздравија ваквите барања на синдикатот, меѓутоа нагласија дека тие нема да се мешаат во работата на одделот за внатрешна контрола. Инаку како причина за суспендирање на полицајците, МВР наведува, дека тие пасивно ја набљудувале толпата која влегувала во Собранието и не преземале никакви дејствија за да ја спречат.

Неофицијално меѓу суспендираните се наоѓа и еден од поранешните соработници на Јанкуловска, кој во бомбите на опозицијата, Мијалков и поранешната министерка го нарекуваат Утка. Меѓу суспендираните е и Небојша Стајковиќ, помошник министер за информатичка технологија, поради тоа што не интервенирал и не го вклучил т.н. Тетра систем за снимање на полициските наредби.

Претходно, министерот Нухиу, во интервју за Алсат изјави дека во МВР три години не се знае кој и какви наредби им издавал на полицајците, поради тоа што системот за снимање на наредби бил надвор од функција.