Вебкафе

Се шокираа од тоа што го најдоа во сензорот за чад во апартманот кој го изнајмија


Брачен пар од Индијана останале шокирани кога дознале дека биле снимани во апартманот кој го изнајмија за одмор преку Airbnb.

Дерек Старнес и неговата сопруга одлучиле да одмораат во Лонгбоут Ки, гратче на Флорида. Вејн Нат (56) им изнајмил апартман, но тие брзо го откриле шокантното изненадување – во детекторот за чад забележале црно дупче кое на крајот испаднало дека е камера.

Во собата пронашле уште една камера, па веднаш повикале полиција. Поради сомнеж за воајеризам, сопственикот на апартманот веднаш е уапсен. Тој признал дека камерите ги користи за снимање на секс забави и дека сите гости досега се согласиле да бидат снимани.

Потенцираше дека камерите се исклучени кога во апартманот има гости кои го најмиле сместувањето преку Airbnb. Полицијата ги заплени камерите и компјутерската опрема која беше пронајдена кај Нат, а открија и повеќе сними од оргии во апартманот.

Брзо се огласија и од Airbnb соппштувајќи дека Нат е казнет и дека ќе му биде забрането изнајмување на апартмани преку нив. „За нас приватноста е исклучително важна и за ваквото однесување имаме нула толеранција. Им се извинуваме на нашите гости“, стои во соопштението.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top