Се пишмани за аздисот: Мајли жали за репутацијата на „лоша девојка“ и контроверзните спотови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската пејачка Мајли Сајрус неодамна ја обнови веридбата со Лиам Хемсворт и сврте нов лист во животот. Имено, диско-поп кралицата зажали што изградила репутација на „лоша девојка“ и што снимала контроверзни видео спотови.

„Тоа е нешто од кое никогаш нема да можам да побегнам. Луѓето секогаш ќе ме гледаат како онаа гола девојка која се ниша на диско топка и тоа засекогаш ќе ме следи“, изјави Сајрус.

„Требаше за тоа да мислам порано. Сега нема назад, тоа ме следи, а мојата најголема ноќна мора е таа снимка да биде пуштена на мојот погреб“, признава пејачката.

Мајли нагласи дека би сакала луѓето да ја паметат по нејзината хуманитарна активност, бидејќи ја основаше организацијата Happy Hippie Foundation и се фокусираше на помагање на младите луѓе со слаба имотна состојба.