Славни

Се „отепа“ од работа: Еве колкава вртоглава сума добива за една објава на Инстаграм


Ким Кардашијан е една од најпопуларните личности на Инстаграм, зад себе има неколку успешни проекти, а сето тоа го направи од ништо.

Откако во јавноста излезе нејзината секс снимка, Ким ги запоседна медиумите и социјалните мрежи, започна успешно реално шоу за нејзиното семејство, лансираше модна линија, игри, парфеми и рекламира се и сешто.

Иако не е најследена личност на Инстаграм сепак заработката за рекламирање производи преку оваа мрежа, старлетата добро ја наплаќа.

Фирмата Талет Рисоурсес, откри дека на Ким ѝ плаќа и до полоовина милион долари за реклама, односно за да допре до нејзините 95 милиони обожаватели.

Сестрите на Ким, Клои и Кортни, кои што имаат по околу 60 милиони следбеници, за објава добиваат по 250 илјади долари, додека полусестите Кендал и Кајли добиваат околу 400 илјади долари по објава.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top