Се осветува храмот св. Наум Чудотворец во Радишани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква, денеска ќе биде осветен новиот храм „Св. Наум Охридски“ во скопската населба Радишани.

Одбележувањето почна синоќа со вечерна богослужба во храмот „Св. Наум Охридски“, а продолжува изутринава со Света Божествена литургија и со чинот на осветување што ќе го извршат архиепископот и архиереите на МПЦ-ОА.