Се огласи Србинот од „Мама, молим те“ – може да има сериозни проблеми


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Два дена откако на социјалните мрежи и апликации за комуникација вирално и со голема брзина се ширеше видеото со Србинот и неговата мајка, попларно наречено „Мама, молим те“, српските медиуми го открија и идентитетот на дечкото од снимката.

Се вика Слободан К. Доаѓа од Жарково, покрај Белград, а изгледа дека популарноста која ја стекна со видеото воопшто не му се допаѓа, бидејќи не ни сакал да разговара со српските новинари.

„Навистина не знам што да ви кажам. Не планирав такво нешто“, беше сè што изјавил Слободан за српски Курир.

Некои го прогласија за легенда, а неговата мајка за царица, додека други го критикуваат нивниот потег. Законот за вакви дејствија е јасен – оние кои ја загрозуваат јавната безбедност со пукање од огнено оружје или имитација на оружје следува казна од 100.000 до 150.000 динари, односно од околу 800 до 1.250 евра.