Се крчка нова Влада: Еве ги имињата кои кружат како избор за ресорни министри


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Преговорите меѓу партиите околу идниот состав на владата финишираат. Според информациите на Гласот на Америка, мандатарот Зоран Заев најдоцна до утревечер, ќе го соопшти составот на неговиот кабинет, по што предлогот ќе го достави до Собранието.

Партиски извори брифираат дека ова ќе треба се случи, бидејќи членови од највисокото раководство на СДСМ ќе раководат со министерства во новата Влада, и нивните имиња мора да бидат објавени утре. Во сабота е закажан Конгресот на СДСМ.

Ова вчера го потврди и Заев од Брисел, кој соопшти дека Македонија ќе добие нова влада на почетокот на идната недела.

Поделбата на ресорите е при крај. СДСМ и ДУИ речиси ги имаат договорено сите ресори што ќе ги добијат. Двете партии инсистираат да го добијат Министерството за правда, и веќе шпекулираат со имињата на евентуалните министри. Министерство за правда е услов за учество во владата и на БЕСА.

Сигурно е дека Министерствата за внатрешни и надворешни работи, за финансии и за труд и социјала, ќе ги водиме ние. За правда ќе направиме отстапки, тврди нашиот извор од СДСМ.

Според истите извори, во моментов се преговара и дали потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска ќе ја води Одбрана или Секретарјатот за европски прашања (СЕП).

Доколку Шеќеринска застане на чело на СЕП, тогаш Одбрана ќе ја води Теута Арифи од ДУИ.

Договорено е Оливер Спасовски да го води Министерството за внатрешни работи, а финансии Драган Тевдовски.

За Министерството за надворешни работи се споменува Никола Димитров, а за Министерството за правда Рената Десковска.

За распределбата на ресорите се согласивме. Имаме претседател на Собранието, и ќе бидат предводени ресорите кои досега ги предводеше ДУИ. Има промена кај Министерствата за образование и здравство. Сѐ уште нема конкретно име и сме во фаза на консултации. Ќе се обидеме да направиме најприфатлив и најдобар избор, изјави Ахмети.

Министерството за образование, како и функцијата вицепремиер и заменик- министер се дел на Движењето за реформи на ДПА.

Единствен проблем во моментов претставува БЕСА, велат изворите.

Условите кои ги постави БЕСА и нивните барања се речиси неприфатиливи. Тие ја користат деликатната состојба и позиција во која се наоѓаме, и гледаат да го извадат максимумот, велат тие.

Постои и опција БЕСА да не влезе во владата, но и СДСМ и ДУИ, сакаат да го одбегнат тоа сценарио за да можат полесно да функционираат, како и да го задржат стабилното мнозинство за гласање во Собранието.