Се исполнил нејзиниот сон: Се испофали дека и таа ќе стане мајка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После низа најразлични шпекулации во врска со нејзината бременост во изминативе неколку месеци, старлетата Кло Кардашијан конечно ја потврди дека ќе стане мајка.

Таа и кошаркарот Тристан Томпсон го очекуваат нивното прво дете. Сепак, Кардашијан не би биле Кардашијан ако во целата приказна нема нова мистерија.

Фотографијата од бременото стомаче која осамна на Instagram профилот на Клои крие уште нешто, а тоа е големиот дијамантски прстен на нејзината рака. Тоа беше доволна причина многумина да помислат дека тајно се венчала со Тристан.

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

„Мојот најголем сон е реализиран! Ќе имаме бебе! Чекав и се прашував, но очигледно Бог имал план сето ова време. Знаел што прави. Едноставно требаше да му верувам и да бидам трпелива. Имам моменти кога сè уште не ми се верува дека нашата љубов создаде живот. Тристан, ти благодарам за начинот на кој ме сакаш! Ти благодарам што ме третираш како кралица! Ти благодарам што направи да се чувствувам убава низ секоја фаза! Најмногу од сè ти благодарам што ме направи МАЈКА!!! Го прави ова искуство дури помагично од што можев да помислам! Никогаш нема да заборавам колку прекрасен беше во текот на сето ова време! Ти благодарам што ме направи толку среќна љубов моја!

Им благодарам на сите за љубовта и позитивните вибрации! Знам дека го држевме сето ова во тајност, но сакавме да уживаме во кругот на нашето семејство и најблиските колку што е можно подолго. Да уживаме во првите скапоцени моменти. Ви благодарам на разбирањето. Многу сум благодарна, возбудена, нервозна, желна, пресреќна и исплашена во исто време! Но, ова е најдобриот збир од чувства кои што сум ги почувствувала во текот на целиот мој живот“, напиша Клои.

За само 15 минути овој пост доби речиси еден милион лајкови, а за три часа веќе имаше 4, 5 милиони.