Актуелно

Се интензивираат инцидентите поврзани со локалните избори


Се интензивираат инцидентите поврзани со изборните активности на политичките партии како што се приближува датумот на гласањето. Билтенот на Министерството за внатрешни работи денеска открива три настани меѓу кои е и обидот да биде испрскан со солзавец поранешниот премиер, Никола Груевски, на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Центар.

Башким Бакиу, кандидат за градоначалник на Сара од партијата „Беса“ вчера се пожалил во полициската станица во Центар дека добивал закани преку смс пораки. Но, бидејќи се брзал да одржи митинг во Сарај, се откажал од поднесување на пријавата, велат од МВР.

Полициската станица во Крива Паланка, пак, поднесе кривични пријави за насилство против двајца насилници кои претепаа партиски активист кој најавувал митинг на партијата. Како што информираат од полицијата, 24годишниот О.С. се движел со возило брендирано со обележја на политичка партија и на кандидатот за градоначалник. В.С.(39) и Т.А.(45) во придружба на еден малолетник, побарале од него да го изгаси разгласот, по што почнале да го удираат со тупаници преку прозорецот. Откако ја отвориле вратата од возилото, Т.А. го фатил оштетениот за вратот и заедно со други лица започнале да го удираат него и неговото возило со што му нанеле телесни повреди, велат од МВР.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top