Славни

Се фотографираше без гаќички буквално пет минути пред породување


Само пет минути пред со царски рез да ја роди ќерката Бани, британската старлета Кети Прајс, позната и како Џордан, ја крена болничката облека и го покажа своето голо тело, без гаќички врз себе. Фотката на Инстаграм ја објави дури сега, а фактот дека во највисок степен на бременост позира без гаќички ги изнервира и изреволтира нејзините фанови на социјалните мрежи.

„Треба да постои јасна граница помеѓу мајчинството и порнографијата“, тврди дена жена.

После тоа, Кети објави уште една фотка со Бани, на која таа е новороденче, иако малечката денес има три години.

„На мојата храбра Бани не ѝ беше лесно бидејќи беше недоносенче, но денес е среќно и здраво девојче“, напиша Прајс.

Од врските и браковите со тројца мажи, Кети доби вкупно пет деца. Најголмиот син Харви е роден со бројни здравствени потешкотии, а него го доби од врската со фудбалерот Двајт Јорк, Џуниор и Принцез ги доби во бракот со Питер Андре, а Бани и Џет во бракот со Кјеран Хејлор.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top