СДСМ: Здравјето на граѓаните е врвен приоритет за новата Влада, итно да се овозможи формирањето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Новата реформска Влада на граѓаните вистински ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Тоа е предвидено во Програмата на новата Влада на Република Македонија“, велат од СДСМ.

Здравствениот систем нема да се базира на тендер политики како досега, туку исклучиво на потребите на граѓаните. Квалитетно и ефикасно здравство достапно за сите граѓани е неопходна потреба на граѓаните, порачуваат од партијата.

Никогаш повеќе да не се повторат случаите на смртност поради криминални интереси, што донесоа неисправни и несоодветни апарати и несовесни политики поради што пациенти се оперираат по ходници, бебиња и мајки умираат од недостиг на гинеколози, нема завои за рани по болниците, луѓето се лечат во руинирани здравствени установи, граѓани губат животи во расипани возила на Брзата помош, потенцираат од СДСМ.

Во рамките на здравствените политики, новата Влада на граѓаните ќе основа нова самостојна јавна здравствена установа на итна медицинска помош, којашто ќе ги обедини сите служби на итна медицинска помош и ќе ги поврзува сите болници во Република Македонија, додаваат од партијата.

„Медицинскиот кадар од јавното здравство ќе добие нормални услови за работа и повисоки плати, за да не заминува од државата туку да остане во јавното здравство и мотивирано да се посвети на грижата за здравјето на граѓаните. Болничкото лекување ќе биде бесплатно и достапно за сите“, велат од СДСМ.

За сето ова да може да се рализира, итно е потребно да се овозможи формирањето на новата реформска Влада, којашто ќе биде посветена исклучиво на потребите и на здравјето на граѓаните на Република Македонија, заклучуваат од СДСМ.