Актуелно

СДСМ: Очекуваме Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница


СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за продолжување на конститутивната седница, поткрепена со потписите од 67 пратеници.

Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница и конечно оваа клучна институција како претставнички орган на граѓаните на РМ да почне да функционира, што е во интерес на државата, рече Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата на прес-конференцијата во Собранието по поднесувањето на иницијативата.

Тој додаде дека прв чекор кон тоа е да биде избран претседател на Собранието кој, како што вели, ќе го тргне и последниот неразумен аргумент на претседателот Иванов. Посочи дека тој е должен да го даде мандатот за состав на владата на лидерот на СДСМ Зоран Зоран.

Запрашан дали се договориле околу составот на Комисијата за избори и именувања, Спасовски рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања. Посочи дека претседавачот на Собранието Вељаноски нема рок кога да ја свика собраниската седница, но, вели, очекува тој и секој пратеник да биде на висина на одговорноста.

Околу можниот кандидат за претседател на Собранието, Спасовски рече дека ќе седнат да разговараат откако ќе биде закажано продолжението на седницата.

Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Парламентот.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!