СДСМ апсолутен победник на локалните избори, дебакл на ВМРО ДПМНЕ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ДИК ги има комплетирано скоро сите резултати од избирачките места по општини и веќе е видливо дека СДСМ е апсолутен победник на изборите со доминација во околу 40 општини каде победата ќе ја одведат уште во првиот круг.

ВМРО ДПМНЕ вчера според првично обработените податоци имаше водство во десетина општини низ Македонија, но како што пристигнуваа повеќе материјали од гласачките места така и предноста се топеше, па нивното водство преостана во Кисела Вода која е единствена општина во град Скопје каде победија, а доживеја пораз и во Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром каде некогаш важеа за неприкосновени.

ВМРО ДПМНЕ ги освои општините Сопиште, Петровец и Илинден од скопската околија, но тие не се дел од гласањето за град Скопје, па така Петре Шилегов речиси е сосема извесно дека ќе победи уште во првиот круг на гласање, па чекаме официјални и конечни резултати од ДИК кои ќе кажат дали по 8 години конечно му е нанесен пораз на Коце Трајановски.

Победа во Источна Македонија, ВМРО ДПМНЕ единствено оствари во помалите општини Зрновци, Чешиново Облешево, Пробиштип, како и Штип и Кавадарци. А од пелагонискиот дел, само во Новаци.

СДСМ ја издвоиле победата во скопските општини Бутел, Ѓорче Петров, Арачиново, Шуто Оризари, потоа изненади во Кратово, а големи победи оствари во Охрид, Битола, Прилеп, Велес, вратен е голем дел од Источна и Јужна Македонија, а освои голем број на општини и во Западна Македонија што исто така е големо изненадување.

Според првичните официјални резултати од ДИК со сигурност втор круг ќе има во повеќе општини од Западна Македонија како Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, како и во Чаир, Студеничани. ДУИ во прв круг победи во Кичево, додека пак Алијансата води во Струга со Зијадин Села. а во Шуто Оризари каде води СДСМ најверојатно ќе има втор круг.