Вебкафе

Санти мраз од канадско гратче направија вистинска туристичка атракција


Малиот град на островот Њуфаундленд во Канада стана туристичка атракција благодарение на сантите мраз кои се појавија во близина минатиот велигденски викенд.

Автопатот во близина на гратчето Фериленд беше во целост блокиран бидејќи голем број фотографи, професионалци и аматери, сакаа да ги фотографираат ледените планини.

Областа кај Њуфаундленд и Лабрадор е позната како ледена долина благодарение на големиот број вакви ледени брегови кои се појавуваат секоја пролет.

Првите санти мраз кои се појавија оваа пролет се прилично големи, се наоѓаат во близина на брегот и се идеална глетка за фотографирање. Познато е дека поголемиот дел од сантите мраз се наоѓаат под површината на водата, а над површината се само нивните врвови.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top