Samsung влегува во автомобилската индустрија – ќе искешира 8 милиони долари за Harman


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Samsung Electronics најави дека компанијата ќе го преземе американскиот технолошки гигант Harman International Industries, кој е еден од лидерите во областа на автомобилските борд ситеми и особено мултимедијалните, како и технологијата за поврзување.

Од Samsung потенцираат дека при финализирање на зделката, проценета на 8 милијарди долари, ќе претставува најголема инвестиција од страна на корејскиот гигант, кој ќе добие пристап до најновите решенија во однос на технологијата за поврзување и особено до оние наменети за интегрирање во автомобилската индустрија.

Harman е лидер во областа, а во моментов повеќе од 30 милиони возила во целиот свет се опремени со нејзини состави, вклучувајќи мултимедијални и инфо-комуникациски системи за безбедност и поврзување. Од Samsung гледаат сериозен потенцијал со преземањето на американскиот гигант.

Во портфолиото на Harman International Industries се вклучени најпрестижните и етаблирани на пазарот марки JBL, Harman Kardon, Mark Levinson, AKG, Lexicon, Infinity и Revel, како и врвните за автомобилската индустрија Bowers & Wilkins и Bang & Olufsen.