САМО ЗА МИЛЕНКО: Еве што ќе се случи ако Земјата е навистина плоча (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што би се случило доколку Земјата е навистина рамна плоча како што тврдат некои? Одговорот на тоа прашање го дава екипата од страната What If, а нивната снимка стана вирална на интернет.

Само три минути биле доволни теоријата да се разбие со сериозни научни одговори кои на интересен начин илустрираат како навистина би изгледало кога Земјата би била рамна плоча.

Кога Земјата би имала облик на плоча , силата на гравитацијата би не влечела кон нејзиниот центар. Како повеќе се оддалечуваме од него, силата би станувала се посилна и посилна и силно би не повлекувала назад. И додека чекориме по рамната плоча, би имале чувство дека се искачуваме на брдо кое, со секој нов чекор, станува се пострмно и пострмно. Во моментот кога би успеале некако да дојдеме до работ на Земјината рамна плоча, силите кон влечат надоле и наназад би станале еднакви.

Сета вода би била во средиштето на Земјата.

Како би изгледала во вселената планета која има облик на рамна плоча? Според една од теориите според која Земјата е рамна плоча, Сонцето се врти околу Земјата, а не обратно. Но, што би се случувало доколку навистина сонцето кружи околу Земјата, како месечината?

При такво сценарио нема да патиме од џет-лег, екстремен умор кој го чувствуваме по долг лет низ неколку временски зони. Причината е едноставна – временските зони нема да постојат. Сонцето истовремено би го греело и горниот и долниот дел на планетата. Со оглед на тоа дека сончевата светлина константно свети на Земјата, би немало циклуси на промена на ден и ноќ.

Нема да има ни промена на годишни времиња, ниту помрачување на Сонцето. Сонцето, во тој случај, само по себе би морало да биде многу помало, бидејќи спротивно би ја запалило Земјата.