Актуелно

САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Протест за ослободување на терористите од Диво Насеље


Денеска во 13 часот на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се оддржи протест против пресудата за обвинетите во процесот Диво Насеље, најави Здружението за албанска култура, кое се јавува како организатор на собирот. Оттаму демонстрантите се очекува да заминат пред Основниот суд Скопје 1.

Само во Македонија веројатно е вообичаено граѓани да протестираат за изречени казни за тероризам од најбрутален вид. Откако беа фатени на дело, терористите кои убија 8 припадници на македонските безбедносни сили, во терористичкиот чин во кумановската населба Диво Насеље, истите беа осудени со долгогодишни казни затвор.

Но, повторно дел од албанските здруженија и партии се поставуваат заштитнички кон терористите. Така „Здружението за албанска култура“ најави протест пред Основниот суд Скопје 1, за како што велат против „изживувањето и самоволието на судот во изрекување на казните за обвинетите во случајот Диво Насеље“.

„Нашето учество само ќе укаже за тоа колку сите сме за соживот, без маски и агенди“, велат организаторите.

Инаку, и политичките партии на Албанците во Македонија веќе побараа меѓународна истрага и формирање анкетна собраниска комисија за овој случај.

Според некои албански медиуми се очекува Али Ахмети, првиот човек на ДУИ од Зоран Заев, претседателот на СДСМ веќе на првата наредна средба да побара формирање на анкетна собраниска комисија за овој случај.

ДУИ бара и преку меѓународна истрага да се откријат мотивите и организаторите на кумановските настани.

Од СДСМ велат дека тие немаат ништо против формирање на таква собраниска комисија.

И од Алијансата за Албанците велат дека секоја иницијатива во насока на расветлување на овој случај е добредојдена.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top