Со само една реченица анулирајте ја лутината кај децата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Децата, еден миг се смеат и си играат, а веќе следниот плачат и беснеат. Причината не е важна, тоа е едноставно така. И што и да кажете главата ќе ве здоболи од детската хистерија.

Доколку се препознавте во ова ви препорачуваме да го испробате методот на психолозите, со кој тие ги смируваат децата со една реченица, односно прашање: Дали тоа е голем, мал или среден проблем?

На пример вашето дете е вознемирено поради тоа што другите деца сакаат да му ја земат играчката. Не чекајте да почне да вреска и да губи контрола, туку веднаш поставете му го ова прашање. Кога детето ќе одговори, предложете заедно да пронајдете решение, без ралика на одговорот на детето.

Можеби би сакало да земе друга играчка или да ги повика другите деца да ја поделат. Има многу опции.

Детските психолози објаснуваат дека постојат три клучни причини зошто ова навидум лесно прашање ги смирува децата:

1. Децата забележуваат дека ги прифаќате и почитувате нивните чувства.

2. Прашањето ги принудува да престанат со бесот и да почнат да мислат за решавање на ситуацијата.

3. Со поставување на ова прашање, родителите го повикуваат детето да се обиде самостојно да го реши проблемот.