Самит на ЕУ и Западен Балкан во Трст


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вратата на европа е отворена за земјите кои ги споделуваат нејзините вредности. На македонските пријатели им е позната политиката на силна и лојална поддршка, која Италија секогаш ја давала, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Афано, во пресрет на самитот на земјите од Западен Балкан што ќе се одржи во Трст.

Делегацијата од Македонија ќе ја предводи премиерот Зоран Заев. Ова е четврти по ред самит „ЕУ и Западен Балкан“ во рамки на берлинскиот процес. На самитот ќе учествуваат премиерите на шесте земји од Западен Балкан, придружени од министри. Ќе присуствува врвот на Европската Унија, а како дел од самитот се најавени и бизнис форуми.