Сајдбаринг е новиот тренд меѓу младите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали некогаш сте слушнале за поимот сајдбаринг? Ако не, а неодамна сте биле на состанок со дечко или девојка, сигурно сте го доживеале.

Имено, сајдбаринг го означува оној ужасен момент, кога сте со некого на вечера, ручек или пијачка, а тој или таа во еден момент го вади својот мобилен телефон и поченува вам да ве игнорира.

Фејсбук неодамна направи испитување во кое се заклучи дека 71 процент од испитаниците признааваат дека го прават истото. Исто така признаваат дека тоа не го прават само на состаноци со партнерот, туку и на други важни случувања.

Фејсбук тврди дека постои и позитивна страна на сајдбарингот, а тоа е што се зацврстува онлајн пријателството, но сепак, ако сте на состанок оставете го мобилниот на страна.