САД за него не постои: Марадона претседателот на Америка го нарече будала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Армандо Марадона (57) не доби виза за влез во САД и тоа поради навредите кон претседателот Доналд Трамп.

Според изјавата на легендарниот фудбалер Трамп не е политичар и е будала.

„Не го доживувам како политичар. Тој за мене повеќе е будала, ме потсетува на ликовите од анимираните филмови. Не сакам да го гледам на телевизија, а кога ќе го видам веднаш го менува каналот“, зборуваше Марадона во едно талк-шоу во Венецуела.

Марадона очекуваше да добие виза за патување во Мајами каде што требаше да присуствува на сослушувањето за разводот со поранешната сопруга, но амбасадата не му дозволи.

 

Аргентинецот последен пат во Америка беше во 1994 година на Светското првенство.