САД нудат 25.000 долари за тој што ќе ја пронајде исчезнатата актерка од Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските власти понудија парична награда во висина од 25 илјади долари за било каква корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето, или евентуално пронаоѓање на студентката по актерска игра од Скопје, Адеа Шабани.

Според полицискиот оддел во Лос Анџелес дваесет и пет годишната Адеа исчезнала на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности.

„Последен пат е видена во близна на блок 1700 во Wilcox Avenue, неколку блокови оддалеченост од познатиот кинески театар во центарот на Холивуд, не многу далеку од местото каде што живеела. Пријателите изјавиле дека ја оставила вратата отклучена, што подразбира дека очекувала брзо да се врати. Загрижените пријатели ја пребарувале областа, надевајќи се дека ќе најдат некакви траги, а нејзината мајка веднаш допатувала од Македонија, од каде што е нејзиното семејство“, пренесуваат албанските медиуми.

Оние што ја знаат Шабани во почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш тие се јавиле вој полицијата во Лос Анџелес.

Тие во континуитет апелираат секој кој можеби ја видел да се јави во полиција.

„Третирајте го ова како таа да е член на вашето семејство, ваша пријателка, бидејќи верувајте ми, ако ја запознаевте оваа девојка, ако ја знаевте оваа девојка, таа ќе им беше голем пријател на сите што ја познаваат“, изјави Лисјен Јовановски.

Адеа Шабани на студии по актерство во Лос Анџелес заминала пред две години.