Руската војска го тестира „непобедливиот“ проектил (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Русија пристигна веста за успешното лансирање хиперсоничната ракета, која рускиот претседател Владимир Путин неодамна ја опиша како непобедливо оружје.

Проектилот со име „Кинжал“ беше лансиран од борбен авион на „миг-31“, кој полетал од аеродром во југозападниот дел на Русија, објави руското Министерство за одбрана.

„Лансирањето се одвиваше според планот, а хиперсоничниот проектил успешно ја погоди целта“, соопшти Министерството.

Исто така, беше објавен и видеозапис од двајцата пилоти што се подготвуваа за летот, а потоа со брзи чекори се упатија кон авионот вооружен со големиот проектил. Видеото што е проследено со патриотска музика покажува како проектилот се одделува од авионот и лета на небото оставајќи зад себе огнена трага.

Проектилот „Кинжал“ е едно од оружјата што рускиот претседател Владимир Путин ги пофали во своето обраќање пред парламентот во пресрет на руските претседателски избори, кои ќе се одржат на 18 март, а на кои е извесно дека тој ќе освои уште еден мандат.

Путин потенцира дека ракетата лета со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот и може да ги надвладее одбранбените системи.
Рускиот заменик-премиер, Дмитриј Рогозин, на „Фејсбук“ напиша дека авионот „миг-31“ бил модифициран со цел да ја носи ракетата „Кинжал“.

Новиот руски борбен систем „Кинжал“ е наменет за уништување површински и водни цели. Поради својата голема брзина, проектилите се невидливи за радари, а истовремено е лесно да се управуваат. Тестирањето на борбениот систем започна на 1 декември минатата година.

Извор: Макфакс