Вебкафе

Руската технологија не умира: Во „градот на духовите“ светнаа светилките по 31 година


Светот сè уште ја памети и ќе ја памети (со огромна надеж и посветеност да не се повтори) нуклеарната катастрофата во Чернобил како една од најстрашните во историјата на човештвото.

Оваа нуклеарна хаварија го направи градот Припјат град на духови, поради изложеноста на огромното радиоактивно зрачење. Целиот реион е евакуиран и поради силната радијација таму е невозможно да се живее.

Сепак, Припјат е вистинска туристичка атракција за желните за авантура и место кое што го посетуваат голем број на луѓе.

Група такви авантуристи решија да го „вратат светлото“ во градот. Тие користејќи агрегат ги запалија светлата кои преживеале.

„Сакавме да покажеме дека доколку советската технологија не се расипа веднаш, ќе трае засекогаш“, велат тие.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top